Линкови за пристапност

Њујорк тајмс: САД размислуваат за тотално повлекување од Авганистан


Весникот вели дека односите меѓу Обама и Карзаи паднале на ниско ниво што резултирало во размислување за „зеро опција“.

Водечки весник вели дека САД ја разгледуваат опцијата за повлекување од Авганистан следната година без оставање американски трупи во јужноазиската држава.

Извештај објавен во интернет изданието на Њујорк тајмс во понеделник цитира неименувани американски и европски официјални лица дека претседателот Барак Обама станувал „се` пофрустриран“ во преговорите со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, што резултирало со „сериозно размислување“ кај американскиот лидер за нула опција.

Ова не е прва индикација дека САД може да размислуваат за повлекување на своите трупи од Авганистан следната година. Американски официјални лица за новинската агенција Ројтерс како реакција на извештајот во Тајмс кажаа дека во коментар направен од Бен Роудс, заменик советник за национална безбедност на Белата куќа, во јануари кажал дека „зеро опцијата се` уште стои“.

Во написот во Тајмс стои дека односот меѓу Обама и Карзаи „бавно се влошува“ достигнувајќи ново дно со минатомесечниот потег на САД да отворат мировни разговори со Талибан.

Извештајот вели дека видеоконференцијата од 27 јуни дизајнирана за амортизирање на тензиите меѓу двајцата претседатели „завршила лошо“. Тајмс известува дека Карзаи ги обвинил САД за воспоставување одвоен мир со Талибан и нивните пакистански поддржувачи во аранжман што се вели дека ќе ја изложи владата на Авганистан на нејзините непријатели.
XS
SM
MD
LG