Линкови за пристапност

Затворени училиштата во Лос Анџелес поради закана


Слична закана и во Њујорк, но потврдено дека е лажна

Сите државни училишта во Лос Анџелес, Калифорнија беа затворени во вторникот, поради веродостојна закана.

„Не беше само за едно училиште, две или три, беше за многу училишта, но, не беше потенцирано точно во кои“ изјави управникот на централното училишно подрачје во Лос Анџелес, Рамон Кортинез. „Тоа е причината поради која презедов мерка.“, потенцираше тој.

Тој изјави дека заканата која била добиена по електронски пат, посочувала на ранци и други видови на пакувања, додавајќи дека ФБИ е вклучен во истрагата.

Официјални лица велат дека пораката пристигнала во електронска пошта на еден од членовите на одборот на училиштата.

Во Њујорк, властите велат добиле слична закана за која било проверено дека е лажна тревога.

„Ќе бидеме внимателни. Но, ние сме апсолутно убедени дека нашите училишта се безбедни“ изјави градоначалникот Бил де Бласио.

Но, во Лос Анџелес властите велат дека се' уште се работи на анализирање на заканата. Затворањето на училиштата доаѓа помалку од две недели откако брачен пар усмрти 14 луѓе за време на празнична забава во Сан Бернардино, Калифорнија.

Централното училишно подрачје во Лос Анџелес, кое е второ по големина во САД, има повеќе од 640.000 ученици.

XS
SM
MD
LG