Линкови за пристапност

САД го обвинуваат Иран за врски со ал-Каида


САД го обвинуваат Иран за врски со ал-Каида

САД го обвинуваат Иран за врски со ал-Каида

САД го обвинија Иран дека има „таен договор“ со ал-Каида додека Вашингтон во четврток објави дека поставува санкции спрема шестмина осомничени оперативци на ал-Каида.

Одделот за финансии не понуди многу детали. Но, вели дека оперативците се дел од мрежата предводена од Езедин Абдел Азис Калил, од американски официјални лица опишан како „фиксер“ на ал-Каида со седиште во Иран.

Соопштението на Одделот за финансии вели дека Калил оперирал под „договор“ меѓу иранската влада и терористичката група.

Одделот вели дека Иран е „критична транзитна точка“ за финансирање на поддршката на активностите на ал-Каида во Авганистан и Пакистан.

Немаше веднаш реакција од иранската влада.

Но потсекретарот на Одделот за финансии, Дејвид Коен вели дека “таен договор“ во кој Иран дозволува ал-Каида да пренесува ресурси преку негова територија бил откриен. Тој вели дека случајот фрла светлина на она што го нарекува друг аспект на техеранската поддршка за тероризмот.

Санкциите на Калил и уште петмина други оперативци со репутација, замрзнуваат секаков американски имот што може тие да го имаат и забранува американските граѓани да се ангажираат во финансиски трансакции со нив.

XS
SM
MD
LG