Линкови за пристапност

Уште еден федерален суд против забраната на Трамп за патување


Втор американски федерален суд гласаше за придржување на блокадата на извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за ограничување на патувањето на жители од шест, главно муслимански земји.

Девиот окружен апелационен суд во Сан Франциско, денеска едногласно ја отфрли привремена забрана на Трамп, со образложение дека претседателот ги пречекорил своите овластувања кога на 2-ри март ја издал извршната наредба „Заштита на нацијата од влез во САД на терористи од странство“.

Панелот од тројца судии соопшти дека иако Актот за имиграција и националност (ИНА) на претседателот му дава широки овластувања околу контролата на влез во САД и заштита на безбедноста, „имиграцијата, дури и за претседателот, не е шоу само на еден човек“.

Денешната одлука е слична на претходната на Четвртиот апелационен суд од Вирџинија, кој на 25-ти мај ја потврди пресудата на судија од сојузната држава Мериленд за блокирање на делови од наредбата на Трамп. Но, двата суда имаа мошне различни аргументи.

Четвртиот апелационен суд главно се фокусираше на извештаите и Твитер пораките на претседателот, кои индицираа дека неговата наредба беше забрана за муслиманите, нешто за што се залагаше за време на кампањата. Но, овој суд пресуди само во делот од законот со кој се ограничува патување на лица од шест земји во рок од 90 дена. Пресудата на Деветиот окружен суд е поширока и се повикува на Актот за имиграција и националност и на она на кое гледа како недоволна оправданост за поддршка на забраната за патување.

„Со суспендирање на влез на преку 180 милиони лица од шест држави, суспендирањето на влез на сите бегалци, и намалување на границата за прием на бегалци од 110.000 на 50.000 за оваа фискална година, претседателот не го исполнува основниот предуслов за остварување на делегираната надлежност: претседателот мора да има доволен наод, дека влезот на овие групи на луѓе, ќе биде на штета на интересите на САД“, се вели во писменото соопштение на судиите.

Администрацијата на Трамп ја обжали одлуката на Четвртиот апелационен суд до Врховниот суд, барајќи итно повлекување на налозите издадени за двата брега на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG