Линкови за пристапност

Трамп не е имун на обвиненијата за изборите, пресуди апелационен суд на САД


Федералниот апелационен суд пресуди дека Доналд Трамп нема имунитет на обвиненијата дека планирал да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година, со што поранешниот претседател на САД е чекор поблиску до кривично судење без преседан.

Тројца судии на американскиот Апелационен во Вашингтон го отфрлија тврдењето на Трамп дека тој не може да биде кривично гонет бидејќи наводите се однесуваат на неговите официјални одговорности како претседател.

Пресудата, која Трамп речиси сигурно ќе ја обжали, го отфрла неговиот обид да избегне судење под обвинение дека ја поткопа американската демократија и трансферот на власта, дури и кога ја консолидира својата позиција како фаворит за републиканската претседателска номинација.

Адвокатите на Трамп тврдеа дека поранешните претседатели имаат право на сеопфатна правна заштита и не може да бидат кривично гонети за службени дејствија, освен ако претходно не бидат отповикан од Претставничкиот дом и сменети од функцијата од Сенатот.

Трамп двапати беше отповикан од Домот, но секој пат републиканците во Сенатот даваа доволно гласови за да го ослободат од обвиненијата.

Судиите се осврнаа на широката природа на тврдењето на Трамп на сослушувањето на 9 јануари, испрашувајќи го адвокатот на Трамп за тоа дали дури и претседателот кој наредил воени командоси да убијат политички ривал може да избега од кривично гонење без првични мерки од Конгресот.

Трамп постојано го искажуваше своето барање за имунитет на кампањата и на социјалните мрежи, велејќи во објавата од 18 јануари: „СИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ МОРА ДА ИМААТ ЦЕЛОСЕН И ВКУПЕН ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИМУНИТЕТ, ИЛИ ВЛАСТА И ОДЛУЧНОСТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОБЕДИНЕТАТА ДРЖАВА ЗАМИНА ЗАСЕКОГАШ."

Обвинението покренато од специјалниот советник Џек Смит го обвинува Трамп дека користел лажни тврдења за измама на гласачите за да изврши притисок врз државните законодавци, претставници на Одделот за правда и тогашниот потпретседател Мајк Пенс да го спречат потврдувањето на изборните резултати. Станува збор за едно четири кривични случаи со кои се соочува Трамп и еден од двата за наводно мешање во изборите во 2020 година.

Трамп се изјасни за невин по четирите кривични дела и ги обвини обвинителите за политички мотивирани напори за оштетување на неговата кампања.

Аргументот за имунитет претходно беше отфрлен од американската окружна судијка Тања Чуткан во декември, поради што Трамп поднесе жалба.

Дури и ако аргументот на Трамп не биде прифатен од судовите, жалбата веројатно ќе ја постигне неговата цел да го одложи закажаното судење на 4 март и потенцијално да го одложи до изборите во ноември. Случајот е во мирување додека Трамп се жали.

Ако Трамп победи на изборите, тој би можел да се обиде да се помилува себеси или да го упати Одделот за правда да го затвори случајот.

Трамп може да побара од целосниот окружен суд на Вашингтон и од Врховниот суд на САД да ја разгледаат пресудата, што потенцијално ќе доведе до дополнително одложување со недели или месеци.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG