Линкови за пристапност

Доналд Трамп нема да се кандидира за претседател


Доналд Трамп нема да се кандидира за претседател

Доналд Трамп нема да се кандидира за претседател

Магнатот со недвижнини Доналд Трамп вели дека нема да се кандидира за претседателска функција во САД, завршувајќи месеци на шпекулација за неговите намери.

Во изјава од понеделник Трамп кажа дека негова најголема пасија е бизнисот и дека не е подготвен да го напушти приватниот сектор. Тој рече дека одлуката не дошла „лесно и без жалење“.

Трамп, кој неодамна се крена во истражувањата на јавно мислење меѓу можните републикански претседателски кандидати, беше многу гласен во таканареченото „движење за местото на раѓање“ на претседателот Обама, поставувајќи го прашањето дали е воопшто роден во САД. Претседателот Обама објави детален извод од родените за да ја прекине „глупоста“.

Трамп, ѕвезда на „реалната телевизија“ е втор проминентен републиканец кој кажа дека нема да се кандидира за претседател. Поранешниот гувернер на Арканзас, Мајк Хакаби во саботата кажа дека нема да влезе во трката на 2012-та.

XS
SM
MD
LG