Линкови за пристапност

Укинување на Обамакеар и забрана на абортусот


Конзервативните организации во Вашингтон ги наведуваат приоритетите за новата администрација на Трамп во првите 100 дена

Укинување на Законот за здравствена заштита - Обамакеар, забрана за доцни абортуси и примена на актуелните закони за имиграција. Ова се целите, на кои конзервативните организации во Вашингтон, очекуваат да работи администрацијата на избраниот претседател Доналд Трамп во првите сто дена.

„Прашањето за абортусот беше постојано присутно во текот на овие избори. Сега следи многу работа со цел шансите за неродените деца и нивните мајки да станат реалност“, рече претседателот на организацијата Susan Anthony List Марџори Даненфелсер.

​Еден од начините тоа да се реши, велат организациите, е со пренасочување на парите за абортус во изградба на медицински центри, кои ќе се грижат за сиромашните жени кои не абортирале.

Конзервативните лидери велат дека победата на Трамп е можност за економска слобода.

„Ќе ја поддржиме агендата на Трамп за намалување на даноците и реформирање на регулативите, со кои се намалуваат работни места“, вели Дејвид Мекентош од организацијата The Club for growth.

Според нив, изборите се почеток на политичка револуција во САД.

„Резултатот е отворена битка за американска политичка промена од претседателство, до Конгрес, федерални судови и држави“, смета Ричард Вигери од организацијата Conservative HQ.

Тие најавија дека ќе се борат испразнетото место во Врховниот суд да го пополнат со некој, по модел на починатиот судија Антони Скалиа, а се заложија и за безбедни граници и религиозна слобода.

Пристрасни медиуми за изборите

Конзервативните лидери се согласни дека изборите покажале големо потфрлање на медиумите во известувањето.

„Во текот на целата кампања медиумите кои ја поддржуваа Клинтон ги третираа поддржувачите на Трамп со апсолутен презир. Во исто време, ги прекриваа скандалите на Клинтон, прикажувајќи ги во нејзина корист најмногу што можеа“, вели Брент Бозел од For America.

Трговски договор со Велика Британија?

Конзеравитивните лидери во Вашингтон го охрабрија Трамп да потпише билатерален трговски договор со Велика Британија.

„Како што Британците одбија голема Влада во Европската унија, Американците го избраа Трамп да ја намали Владата во Вашингтон. Преку нов договор за слободна трговија, можеме да му пoкaжеме на светот дека слободните пазари ќе ја победат бирократијата“, рече Мекентош.

ОБСЕ: Лични напади и нетолерантност

Канцеларијата за демократски институции и човекови права ОБСЕ/ОДИХР соопшти дека изборите поминале со почитување на фундаменталните човекови слободи, и забележа дека „претседателската кампања се карактеризира со навредливи лични напади, особено од еден кандидат“.

XS
SM
MD
LG