Линкови за пристапност

За педа повеќе!


За педа повеќе - влечење со трактори
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:43 0:00
Direct link

За педа повеќе - влечење со трактори

Влечењето со трактори – омилена забава на фармерите во Тенеси

На тркачките писти како во Чапел Хил, Тенеси, не се натпреваруваат само трактори. Дел од земјоделската машинерија и возилата се толку фризирани што нема ни да им ја препознаете основната намена. На пример, возилото е камион, но, по сите преправки, се натпреварува како трактор.

Чудно или не, гледачите уживаат во бучавата и чадот.

„Првпат дојдов тука лани. Ме обзеде. Немав видено вакво нешто“, вели една посетителка.

„Доаѓам од 1977-ма, не пропуштам натпревар“, се фали еден посетител.

„Сакаме да гледаме како се крева чад. Секој на село сака добра, моќна машина“, објаснува друг.

Моќта е очигледна и во големите суми што се трошат за превоз на опремата и натпреварувачите од трка на трка. Но, како што вели ветеранот-натпреварувач Џим Мартел, паричната награда не е голема.

„Тракторите вредат меѓу 250.000 до 350.000 долари, но ние по натпревар заработуваме највеќе по 2.000. Не заработувате, само си ја враќате инвестицијата“, тврди Мартел.

Зад екипите стојат богати сопственици на бизниси и земјоделци. Мартел коментира, тоа е мала, но добра заедница.

„Пријателствата со гледачите, натпреварувачите, ние сме како едно големо семејство. Влечењето со трактори е уникатно“, раскажува тој.

Возачите ја користат сета моќ на машините за да ја повлечат тешката приколка на кратката, валкана патека. Возилото што ќе повлече најдалеку е победник.

Годишно се одржуваат десетина вакви натпревари, а спортот стана популарен во Австралија и Европа. Европскиот шампионат е закажан за септември во Германија.
XS
SM
MD
LG