Линкови за пристапност

Тојота повлекува преку три милиони возила


Овојпат чекорот на јапонската компанија не е поврзан со Таката, снабдувачот на воздушни перничиња одговорен за масовното повлекување на автомобили изминативе неколку месеци

Тојота повлекува преку три милиони возила заради дефекти во изработката на воздушни перничиња и системот за контрола на издувни гасови.

Овојпат чекорот на јапонската компанија не е поврзан со Таката, снабдувачот на воздушни перничиња одговорен за масовното повлекување на автомобили изминативе неколку месеци.

Според најавите, од пазарите се повлекуваат дел од моделите „Приус хибрид“, „Приус плагин“ и „Лексус 200“ произведени меѓу октомври 2008-ма и април 2012-та година.

Тојота соопшти дека нема информации за повреди или смртни случаи поврзани со споменатите дефекти.

XS
SM
MD
LG