Линкови за пристапност

САД ги сакаат туристите од Кина


И покрај 1,8 милиони кинески посетители годишно, американската влада работи на кампања за привлекување повеќе

Музичката кантри ѕвезда Розен Кеш пее за делови од САД кои што потенцијалните посетители не ги виделе во филмовите и не ги знаат од популарните песни, како дел од од туристичката кампања на индустријата и владата за привлекување туристи. Кампањата се вика „Бренд САД“ и ја води Крис Томсон. Тој вели дека во САД има се` за сечиј вкус и дека никој тоа не може да го понуди подобро.

Телевизиските и интернет рекламите се важни, зашто во туризмот на САД има осум милиони работни места, и уште милиони други кои зависат од нив.

Кампањата промовира многу градови, вклучувајќи ги Њујорк и САН Франциско.

Кинеските туристи трошат речиси 6.000 долари да ги посетат САД, повеќе од кои било други гости од светот. Претседателот на „Лион Турс“, Даниел Шен, вели дека тоа е заради економскиот растеж и валутата на Кина што јакне.

Тој вели дека Кинезите многу купуваат.

„Ако еден член на семејството доаѓа во посета, тој купува за сите дома, семејството, пријателите, па дури и за колегите на работа“, вели Даниел Шен.

Договорот меѓу Кина и САД го олеснило патувањето за кинеските државјани, со полесно добивање визи и побрз транспорт.

А кога ќе дојдат посетителите, добиваат појасна слика за САД. Сфаќаат дека Америка не е Холивуд, ниту како на Дивиот запад од филмовите, каде се пука на улиците.

Важен дел од кампањата е и претставување на националните паркови во САД, преку филм што е во подготовка и за кој организаторите се надеваат дека ќе биде завршен на време за одбележувањето на стоте години на заштита на овие места, во 2016-та.

XS
SM
MD
LG