Линкови за пристапност

Првата проценка на жртви од понеделничкото торнадо се покажала неточна и сега цифрата е 24.

Американската секретарка за домашна безбедност Џенет Наполитано во среда патува за Оклахома да направи проценка на напорите за опоравување на гратчето Мур, каде опустошувачко торнадо уби најмалку 24 лица и повреди 240 други.

Одделот на Наполитано е надлежен и за Агенцијата за справување со вонредни состојби, која има тимови што помагаат во потрагата и операциите на опоравување, проценка на штетата и обезбедување федерална помош на луѓето погодени од понеделничкото торнадо.

Невремето уништи делови од централниот американски град со ветрови од најмалку 322 километри на час.

Шефот на пожарникарите на градот велат дека спасувачите нема да запрат со потрагата по преживеани и планираат да ги пребараат урнатините најмалку три пати.

Претседателот Барак Обама објави вонредна состојба за Оклахома. Тој кажа дека жителите на Мур не се сами во опоравувањето и во повторната изградба.
XS
SM
MD
LG