Линкови за пристапност

Торнадо во Тексас


Texas
Texas

Најмалку шест лица се мртви откако торнадо опустоши мал град близу американскиот град Далас, во Тексас.

Властите велат дека десетина домови биле уништени или оштетени во невремето од средата навечер. Погоден беше градот Гранбури, јужно од областа Далас-Форт Ворт.

Десетици лица биле повредени и пренесени во блиските болници. Властите велат дека бројот на смртни случаи може да се зголеми, зашто тимови за потрага по жртви се` уште проверуваат од куќа во куќа.
XS
SM
MD
LG