Линкови за пристапност

Државниот секретар Рекс Тилерсон утре ќе замине во еднодневна посета на Турција која важи за клучен сојузник на НАТО.

Идната операција за истиснување на Исламската држава од самопрогласениот главен град Рака во Сирија, и активностите во Ирак, според американски претставници, се очекува да бидат на врвот на агендата на Тилерсон во Анкара. Според најавите, тој ќе се сретне со политичкото раководство вклучувајќи го и претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Официјално, претседателот Доналд Трамп нема донесено одлука за продолжување на поддршката на Сириските курдски групи - клучни за Сириските демократски сили кои во моментов се борат против Исламската држава и се движат кон Рака. Но, на копно, има значително зголемување на поддршката на САД.

Аналитичарите сугерираат дека Анкара ќе бара гаранции од Тилерсон дека курдските сили брзо ќе се повлечат, ако учествуваат во заземање на Рака. Шефот на американската дипломатија можно е да ја намали загриженоста на Анкара, ако, според очекувањата, го покрене прашањето за создавање на области во Сирија, што ќе важат како безбедни прибежишта за враќање на Сиријците, клучно барање на Турција.

По Анкара, Тилерсон на 31-ви март ќе замине во седиштето на НАТО во Брисел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG