Линкови за пристапност

Тилерсон нема да присуствува на Самитот на НАТО во април


Сепак, државниот секретар утре во Вашингтон ќе се сретне со министри за надворешни работи на НАТО, соопшти Стејт департментот

Американскиот Стејт департментот потврди дека државниот секретар Рекс Тилерсон нема да присуствува на Самитот на НАТО во Брисел, што ќе се одржи во април.

Оттаму изјавија дека вршителот на должност заменик-државен секретар за политички прашања Том Шенон, ќе ги претставува САД на состанокот.

Официјални американски претставници најавија дека Тилерсон утре ќе се сретне со повеќето министри за надворешни работи на Алијансата, за време на средбите на Коалицијата за борба против Исламската држава, што ќе се одржат во Вашингтон.

Тилерсон, сепак, наредниот месец ќе ја посети Русија, а во мај ќе замине во Италија, каде ќе учествува на состанокот на Групата седум развиени земји (Г-7).

Според Ројтерс, тој ќе го испушти НАТО Самитот, со цел да присуствува на средбата на претседателот Доналд Трамп и неговиот кинески колега Кси Џинпинг, што во април се очекува да се одржи во Флорида.

XS
SM
MD
LG