Линкови за пристапност

Тилерсон: Односите САД-Русија се на „ниско ниво“


Државниот секретар на САД ова го изјави по неколкучасовни спротивставени разговори во Москва со неговиот руски колега Сергеј Лавров и претседателот Владимир Путин

Државниот секретар Рекс Тилерсон, за време на посетата на Москва изјави дека односите САД-Русија се на „ниско ниво“, како резултат на недостиг на доверба меѓу двете држави.

Неговите коментари уследија по часови спротивставени разговори со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Најмоќните нуклеарни сили во светот имаат несогласувања по бројни прашања, вклучувајќи ја поддршката на Москва за бунтовниците во источниот дел на Украина, кои се борат против владата на Киев, како и за тврдењето на американската разузнавачка заедница дека компјутерските хакери, кои делувале по наредба на Кремљ, се вмешале во минатогодишните претседателски избори во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG