Линкови за пристапност

Стејт департментот издаде соопштение во кое се вели дека разговорите траеле повеќе од еден час, а во фокусот биле бројни билатерални прашања

Државниот секретар Рекс Тилерсон, денеска во Вашингтон се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, соопшти портпаролката на Стејт департментот Хедер Нуерт.

Разговорите, коишто траеле повеќе од еден час биле фокусирани на широк спектар на прашања, вклучувајќи ги Украина, Сирија и други билатерални прашања.

„Обајцата лидери дискутираа за важноста да се порази ИСИС, деескалацијата на насилството во Сирија и обезбедување хуманитарна помош за стотици илјади цивили ширум земјата. Дополнително, Тилерсон и Лавров ја повториле поддршката за политичкиот процес предводени од ОН во Женева, кој е клучен во меѓународните напори за постигнување трајно решение за конфликтот“, се додава во денеска објавеното соопштение.

Во однос на Украина, шефот на американската дипломатија ја истакнал потребата за напредок кон целосна имплементација на Договорот од Минск. Тој подвлекол дека санкциите врз Русија и натаму ќе бидат на сила, се` додека Москва не ги промени активностите кои придонеле за нивно воведување.

Во соопштението на Стејт департментот, на крајот се наведува дека САД и Русија се согласиле да ги продолжат разговорите за решавање на други билатерални прашања, вклучувајќи ја и стратешката стабилност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG