Линкови за пристапност

Тилерсон: САД и Кина со нетрпение чекаат на нова ера на соработка


Шефот на американската дипломатија воедно кажа дека Трамп ја поздравува и можноста за идна посета на Кина

Државниот секретар Рекс Тилерсон и кинескиот претседател Ши Џинпинг изјавија дека со нетрпение чекаат на нова ера во соработка меѓу двете земји.

По средбата во Пекинг, Тилерсон кажа дека САД со нетрпение очекуваат на првата средба меѓу Трамп и Џинпинг, алудирајќи на непотврдените извештаи за план двајцата лидери да сретнат во Флорида наредниот месец.

Шефот на американската дипломатија истакна дека преку натамошен дијалог, цитираме, ќе постигнеме поголемо разбирање што би водело кон зајакнување на врските меѓу Кина и САД. Џингпин изјави дека по телефонскиот разговор со претседателот Трамп минатиот месец, обајцата лидери се согласиле дека треба да вложат заеднички напори за интензивирање на соработката.

Тилерсон воедно кажа дека Трамп ја поздравува и можноста за идна посета на Кина.

По состанокот не беа споменати горливите прашања во регионот, или оние меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG