Линкови за пристапност

САД ја повикаа Кина да даде отчет за жртвите на Тјананмен


Полициско возило на Тјананмен, каде денеска стотитици кинески безбедносни лица ги проверуваа документите и ги спречија новинарите да известуваат од плоштадот

Полициско возило на Тјананмен, каде денеска стотитици кинески безбедносни лица ги проверуваа документите и ги спречија новинарите да известуваат од плоштадот

На 25-годишнината од крвавото задушување на протестите на плоштадот.

На 25 годишнината од крвавото задушување на демонстрациите на плоштадот Тјананмен во Пекинг, Белата куќа ја повика Кина да даде отчет за убиените, притворените и исчезнатите во пресметката.

Соопштението наведува дека САД „секогаш ќе говорат во знак на поддршка на основните слободи што ги бараа демонстрантите на Плоштадот Тјананмен“. Вашингтон исто така побара Пекинг да ги ослободи десетиците владини критичари, притворени или ставени под куќен притвор непосредно пред годишнината.

Реагирајќи на соопштението, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи ги обвини САД дека навлегуваат во кинескиот суверенитет.

„Бараме САД да го почитуваат кинескиот правосуден суверенитет и да не даваат неодговорни коментари за прашања што се однесуваат на кинеските внатрешни работи“, рече портпаролот.

Кинеската влада нема соопштено колкав е бројот на загинати, ниту пак има објавено официјално соопштение за тоа што се случило.

Демонстрациите во 1989-та беа насочени против се` поголемата нееднаквост во кинеското општество, огромната корупција и недостатокот на демократски слободи.
XS
SM
MD
LG