Линкови за пристапност

Нова бомбашка закана – во чевли


Американската влада ги предупреди авиокомпаниите за потенцијална закана од бомби во чевли на меѓународни летови во САД.

Одделот за домашна безбедност во среда кажа дека објавил предупредување засновано на „многу свежа информација“ што се смета за кредибилна, и вели дека напаѓачи ќе се обидат да нападнат патнички авиони користејќи експлозиви скриени во чевли.

Ова е втор пат во три месеци владата да издава предупредување за можни обиди да се прошверцуваат експлозиви на комерцијални летови.

Американски разузнавачки извори велат дека во соопштението упатено до авиокомпаниите се повторува дека течности, чевли и одредена козметика создава загриженост, што е покриено со постоечката безбедносна политика на Администрацијата за безбедност во сообраќајот.

Не е јасно дали последното предупредување, за прв пат известено од НБЦ Њуз, е поврзано со претходните закани за летови упатени кон Русија.

Порано месецов, Одделот за домашна безбедност ги предупреди авиокомпаниите со летови кон Русија да внимаваат за можни скриени направи во туби на пасти за заби.
XS
SM
MD
LG