Линкови за пристапност

Хорот како терапија


Ако верувате дека никогаш не е доцна да пропеете, овој прилог е за Вас!

Американската Национална агенција за уметност ја истражуваше врската меѓу креативноста и стареењето, фокусирајќи се на хорски групи во кои членуваат пензионери. „Повраток на креативноста кај постари лица“ е колективното име за 11 хорски групи во Вашингтон и околината, опфатени од истражувањето. За членство не е потребна аудиција, ниту пак претходно искуство.

„Некои пееле цел живот. Други, пак, не пееле 40-тина години, затоа што биле зафатени со работата или одгледувале деца. Некои - никогаш не пееле“, ја објаснува разновидноста на хоровите Џин Кели, која ја основала и раководи со програмата.

Не` учат како да пееме и да го подобриме гласот, но не се лутат ако згрешиме некоја нота или избрзаме

Кели го води и летниот хор при Колеџот Сент Мери во сојузната држава Мериленд. Летово, 60-тина пензионери го прифатиле предизвикот да научат пет композиции за само четири дена.

„Не` учат како да пееме и да го подобриме гласот, но не се лутат ако згрешиме некоја нота или избрзаме“, со насмевка раскажува Џин Хетер, која учествува во програмата од самото основање, пред 5 години.

Марго Њухаус се приклучила пред една година, по рехабилитацијата од повреда поради пад. За неа, програмата има терапевстко дејство.

„Бев изморена секој ден на крајот од пеењето, но тоа беше здрав замор што верувам дека ми помогна во моето ниво на активност“, вели Њухаус.

Според Кели, истражувањето од 2001-ва година утврдило дека хористите под водство на професионален уметник станале помотовирани, помалку патат од депресија, земаат помалку лекови и се паѓаат толку често, како порано.

Некогаш 150 хористи, денес ги има преку 550. Просечната возраст е 73, а некои имаат и по 90 години! Најдобар пример дека никогаш не е доцна - да пропеете!
XS
SM
MD
LG