Линкови за пристапност

Дента по Божиќ во САД


Некои без електрична енергија, некои ги враќаат подароците, а некои и не ги добија!

Еден ден по Божиќниот празник е мошне важно време за малопродажбата, кога многумина Американци ги враќаат или заменуваат подароците. Денот го одбележа и јавната огорченост поради неиспорачаните пратки, а некои го минаа Божиќ мина во темница, поради лошите временски услови.

​Илјадници лица, од сојузната држава Мичиген па до Мејн, токму за празникот останаа без електрична енергија поради зимскиот студ. Од електричните компании најавуваат дека нивните екипи ќе останат на терен се` до викендов, додека не ја завршат работата.

Согласно традицијата, дента по Божиќ, продавачите се обидуваат да заработат долар повеќе. Некои стоковни куќи
отворија во пет часот наутро, надевајќи се на бранот купувачи кои ќе ги вратат подароците што не им се најнеопходни, но можеби и ќе купат друг. Продавниците нудат големи попусти од 50, 60, па дури и 70%. Сепак, споредено со лани, Американците годинава купиле помалку: празничната потрошувачка опаднала, од 5 до 7%.

А илјадници Американци годинава останаа и без подароци за Божиќ, поради задоцнетата испорака на Американската поштенска служба и Федекс. Нивни претставници не наведуваат колку точно пакети не стасале до дестинацијата, но се правдаат со големата навалица, зголеменото купување преку Интернет и снежното невреме.
XS
SM
MD
LG