Линкови за пристапност

Денот кога САД се на пат


Печеното мисиркино по традиција е централен дел на трпезата за Денот на благодарноста.
Печеното мисиркино по традиција е централен дел на трпезата за Денот на благодарноста.

Милиони Американци со авион или автомобил кај роднините и пријателите за Денот на благодарноста.

Милиони Американци се на пат кон аеродромите или пак веќе на автопатиштата, за да бидат со роднините и пријателите за утрешниот празник, Денот на благодарноста.

Традицијата е денот да се мине со најблиските, на трпеза со печена мисирка, редица гарнири и овошни пити. Според проценките, над 43 милиони Американци ќе минат 80 или повеќе километри за да го прослават празникот.

Денот ќе го одбележат и бројни верски служби и натпревари во американски фудбал, како и парадата во Њујорк на Стоковната куќа Мејсис, со оркестри и големи балони во форма на омилените ликови од цртаните филмови.

Денот на благодарноста влече корени од 1621-ва, кога првите доселеници ја прославиле добрата жетва по претходната сурова зима.

Нешто повеќе од еден век подоцна, во 1789-та, првиот претседател на САД Џорџ Вашингтон го прогласил денот за национален празник. Сегашниот претседател Барак Обама по традиција ќе помилува две мисирки на церемонија во Белата куќа - тие нема да завршат на празничната трпеза, туку во спомен-домот на Џорџ Вашингтон во Маунт Вернон, во близина на главниот град.

Денот на благодарноста го означува и почетокот на интензивен шопинг за сезоната на претстојни празници. По Денот на благодарноста во четврток, доаѓа таканаречениот Црн петок, кога многу стоковни куќи нудат големи попусти, што создава редици пред продавниците уште пред да отворат.
XS
SM
MD
LG