Линкови за пристапност

Погребана Маргарет Тачер


Илјадници луѓе излегоа на улиците во централен Лондон во среда да бидат сведоци на сложена погребна церемонија на поранешната премиерка Маргарет Тачер.

Ковчегот на Тачер обвиткан со знаме бил пренесен со коњска запрега до катедралата Свети Павле, каде чекале светските лидери и почесни лица од светот.

Британската кралица Елизабета и нејзиниот сопруг Принцот Филип беа меѓу 2.300 лица собрани за оваа пригода.

Како дел од безбедносната операција беа распоредени над 4.000 полицајци во Лондон, што е поголем број од првично планираниот, по бомбашкиот напад во Бостон.

Тачер почина на 87 години. Беше прва и единствена премиерка, и станаедна од највлијателните лидери на модерната ера за време на нејзиното време на функцијата од 1979 до 1990 година.
XS
SM
MD
LG