Линкови за пристапност

Потпишан рестриктивен закон за абортус во Тексас


Гувернерот Рик Пери кажа дека тоа е во насока на ветувањето за заштита на животот.

Гувернерот на Тексас Рик Пери потпиша нови рестрикции за абортусот што може да погоди поголем дел од клиниките во таа сојузна држава.

Новиот закон забранува абортус по петтата недела на бременост и наложува кога лекови за индукција на абортус може да бидат употребени. Но тој исто така бара лекарите во клиниките за абортус да имаат привилегии за примање во болница и го огранучува абортусот на хируршки центри. Само пет од 42-те тексашки клиники за абортус во моментов ги исполнуваат новите барања.

Законот влегува во сила во октомври и клиниките имаат една година да ги прилагодат своите објекти.

На потпишувањето на законот гувернерот Пери кажа дека тоа „ќе го подобри квалитетот на грижата што жените ја добиваат“, обезбедувајќи процедурите да се изведуваат во „чисти, санитарни и безбедни услови, од оспособен персонал“. Тој кажа дека ова се надградува на „верувањето за заштита на животот“.

Критичарите законот го гледаат како претерана регулатива со цел абортусот да се направи потешко изводлив. Федералните судии блокираа спроведување на слични мерки во други држави, поставувајќи го прашањето за нивна уставност. Противниците се очекува да започнат слични постапки во Тексас.
XS
SM
MD
LG