Линкови за пристапност

На кого ќе му помогне раното гласање во Тексас?


Имиграцијата е важно прашање, но во моментов не е` приоритет во оваа сојузна држава

Од почетокот на раното гласање на 24 октомври, редиците се долги, а бројот на излезени гласачи се очекува да ги урна сите рекорди.

Во општината Харис, под која припаѓа поголем дел од Хустон, разноликоста на популацијата се рефлектира и на гласачките места. Демократите се надеваат дека големата излезеност на гласачите ќе и помогне на Клинтон:

„Мислам дека е убаво што Хилари Клинтон ќе биде прва жена претседател,“ вели Брендон Салс.

Многу гласачи, како Џелиса Волкер велат дека ќе гласаат за Клинтон, затоа што се против Трамп:

„Мислам дека ќе бидеме возбудени ако Доналд Трамп изгуби.“

Венеса Фернандез, која и самата е имигрантка вели:

„Тој не ги сака имигрантите, тоа ми пречи затоа што јас сум имигрантка исто така.“

Политичарите често зборуваат за нелегалните имигранти на пример, но за многу латино Американци, како за Сол создавањето работни места и образованието се поважни прашања.

Без разлика на жестоката реторика на Трамп, некои имигранти кои сега се американски државјани би гласале за него:

„Мислам дека ќе биде голем лидер, во споредба со Хилари Клинтон. Со Хилари тоа не е јасно,“ Вели Чук Ли, кинески американец.

Контроверзите околу приватниот сервер од времето кога таа беше државна секретарка, и други прашања може да ја намалат поддршката во претседателската трка.

Недовербата кон Клинтон, натера некои демократи да гласаат за малку познатиот кандидат на зелената партија Џил Стејн, иако гласовите за неа можеби ќе и помогнат на Клинтон да го победи Трамп во Тексас.

Исто така републиканците можеби ќе гласаат за кандидатот на либертаријанците, Гери Џонсон, или да го поништат ливчето наместо да гласаат за Трамп.

Мустафа Ниујанг вели дека семејствата и роднините во другите земји се свесни за глобалното значење на овие избори:

„Од дома, до Италија, Шпанија, насекаде, тие ми пишуваат на Фејсбук и ме прашуваат за изборите.“

Сепак, кој кандидат ќе ги добие изборите во Тексас, и нацијата во целост нема да се знае се до затворањето на гласачките места во вторникот вечер.

XS
SM
MD
LG