Линкови за пристапност

Автомобилите на Тесла сега имаат станици од брег до брег


Завршена е првата линија од 71 станица за напојување на батериите низ цела територија на САД.

Тесла, американски производител на автомобили целосно на струја, вели дека ја комплетирал првата линија на станици за напојување на батериите од еден до друг брег, низ цела територија на САД.

Сопствениците на Тесла сега можат да возат од пацифичкиот до атлантскиот брег без да се плашат дека ќе останат без струја. Ќе можат да ги наполнат батериите на една од 71 станица по најголемите автопати.

Таа линија започнува во Калифорнија, оди низ Аризона, Колорадо и Јужна Дакота, минува низ Чикаго и завршува во Њујорк.

Компанијата планира да направи уште 70 станици оваа година. Во Европа има 14, главно во Германија и во Норвешка.
XS
SM
MD
LG