Линкови за пристапност

Нарачките за новиот модел на Тесла достигнаа 276 илјади


„Грдиот“ изглед на системот за управување бил резултат на дизајн – повеќе да личи на вселенско летало.

Извршниот директор на „Тесла моторс“ Елон Муск, изјави дека компанијата има 276.000 нарачки ширум светот за новиот модел на електричен автомобил.

Муск ја објави бројката на Твитер во неделата и кажа дека е двојно поголема од очекувањата на компанијата. Тој сугерира дека нарачките можат да стигнат до 500.000 доколку продолжи ова темпо.

Тесла започна со прифаќање на предвремени нарачки за Моделот 3 во четвртокот и до саботата прими повеќе од двојно повеќе резервации за овој автомобил од сите претходни продажби заедно.

Со цена од 35.000 долари, Моделот 3 ќе биде во можност да вози 215 милји со едно полнење. Муск вели дека ќе има на располагање и нова верзија на батеријата, но компанијата се надева дури и на подолг период на возење со основниот модел, уште пред првите автомобили да бидат доставени.

Во низа од 68 твитови кои следуваа после свеченото претставување на автомобилот, Муск најави голем број на нови карактеристики на возилото, вклучувајќи ја и малата контролна табла како и зголемениот простор за багаж.

Контролната табла од страната на возачот е скоро отстранета во новиот модел, во замена на централен екран чувствителен на допир кој се справува со се', од музика до насока на движење.

Критичар на Твитер го праша Муск зошто се одлучил да избере толку „неубав дизајн за воланот“ на што тој одговори дека прототипот не е „вистинскиот дизајн на воланот“ и изјави дека во конечниот производ чувството ќе биде како да сте во вселениски брод, а не во обичен автомобил.

Речникот кој го користи Муск во неговите коментари, употребувајќи ги термините „систем за управување“ и „волан контроли“ наместо „волан“ води кон шпекулации дека компанијата ќе претстави автомобил кој целосно се управува сам, како дел од се' уште неоткриениот втор дел од претставување на автомобилот.

„Ќе има повеќе смисла после вториот дел“ изјави Муск како одговор на друго прашање во врска со отсуството на контролна табла.

Муск исто така најави дека автомобилот ќе има два багажника и повеќе простор за складирање од кој било друг модел од истата големина, простор за велосипед, за даска за сурфање или три автомобилски седишта за деца.

Со цел да се остане во чекор со побарувачката на електрични автомобили, Тесла двојно ќе го зголеми бројот на станици за брзо напојување - на вкупно 7.200, до крајот на следната година и нашироко ќе го зголеми бројот на станици со побавни напојувачи од 3,689 на 15.000.

XS
SM
MD
LG