Линкови за пристапност

Онлајн новела поврзана со наводниот терористички заговор


Онлајн новела поврзана со наводниот терористички заговор
Онлајн новела поврзана со наводниот терористички заговор

Документи од американски суд сугерираат дека новела на Интернет била инспирација за наводниот заговор за напад на владини претставници и граѓани со експлозиви и смртоносен отров рицин.

Документите велат дека еден од четворицата осомничени заговарачи уапсени во вторникот на другите им кажал дека има намера да ги моделира нивните планови според онлајн романот „Апсолвирано“. Романот инволвира група граѓани кои напаѓаат американски официјални лица.

Писателот, десничарски блогер Мајк Вандербог, на својата веб-страница напишал дека тој не е виновен за заговорот.

Властите велат дека четворица осомничени, сите на 60 и 70 години возраст, наводно се дел од паравоена група во американската држава Џорџија. Тие се: Фредерик Томас, Ден Робертс, Реј Адамс и Семјуел Крамп.

Сите треба да се појават во федерален суд во Џорџија во среда.

Американскиот правобранител за Северниот дистрикт на Џорџија кажа дека двајца од инволвираните направиле обиди да купат оружје со пригушувачи, додека други двајца презеле чекори за производство на рицин.

Тие почнале да се среќаваат на тајни средби околу март годинава и дискутирале криминални активности како убиство, кражби и правење и користење на токсични агенси насочени против федерални и државни власти.

Властите велат дека најмалку двајца осомничени порано работеле за федерални агенции.

Федералните агенти нивните средби ги следеле преку доверлив извор.

XS
SM
MD
LG