Линкови за пристапност

Најк веќе не ја спонзорира Шарапова


Одлуката дојде откако тениската ѕвезда падна на тестот за допинг

Руската тенисерка Марија Шарапова вели дека не го поминала тестот за дрога на Австралија Опен во јануари, поради супстанца која ја земала веќе 10 години од здравствени причини.

Шарапова за време на прес-конференција во Лос Анџелес во понеделникот, изјави дека лекот мелдониум бил додаден на листата за забранети супстанци од страна на Светската анти-допинг агенција на почеток на оваа годна. Таа изјави дека не ја погледнала обновената листа на забранети супстанци пред да го земе лекот.

Поради ова, петкратната шампионка на Гранд Слем, на 28 години, се соочува со привремена суспензија од страна на Меѓународната тениска федерација, што може да ја спречи да се натпреварува за нејзината земја на претстојните Олимписки игри во Рио.

Доцна во понеделникот вечер, американскиот производител на спортска опрема Најк објави дека го повлекува своето спонзорство на Шарапова. Шарапова има освоено 35 титули на Женската тениска асоцијација, после освојувањето на Вимбелдон како 17-годишна тинејџерска сензација во 2004-та година и заработи 36 милиони долари, најмногу од рекламирање.

Мелдониум, исто така познат како милдронат се произведува во Латвија и се употребува за третирање на дијабетис, срцево заболување и низок магнезиум но, некои истражувачи го поврзуваат со зголемување на атлетските достигнувања доколку се зема во поголеми дози. Лекот не е одобрен за употреба во САД, но е на располагање во Русија и поранешните земји на Советскиот Сојуз.

XS
SM
MD
LG