Линкови за пристапност

Предупредување за нова бактерија отпорна на лекови


По повод Светскиот ден за борба против туберкулозата лекарите бараат новите видови лекови да се користат внимателно

Обединетите нации денеска го одбележуваат Светскиот ден за борба со туберкулозата, со цел подигнување на свеста за болеста која убива околу 1,8 милиони луѓе годишно. Две третини од смртните случаите се во шест земји: Индија, Индонезија, Кина, Нигерија, Пакистан и Јужна Африка.

Датумот го одбележува денот, кога во 1882 година германскиот научник, доктор Роберт Кох објави дека ја открил причината за болеста, бацилот на туберкулозата. Таа и понатаму останува една од најсмртоносните инфективни болести во светот.

„Секој ден пет илјади луѓе ги губат своите животи поради туберкулозата. Туберкулозата особено ги погаѓа ранливите популации, како мигрантите, бегалците, затворениците, луѓето кои се маргинализирани во нивните општества“, вели Марио Равиглионе, глобален директор на програмата за туберкулоза на Светската здравствена организација.

Во последниве години, насекаде во светот се појавија нови видови на причинители на туберкулоза отпорни на лекарства, што претставува голема закана за јавното здравје.

Овие видови често се неоткриени и се шират меѓу населението.

„Во Јужна Африка, на пример, туберкулозата е најчеста причина за смрт и болест е надвор од контрола во Африка,“ вели доктор Киртан Дида, раководител на Одделението за пулмологија на Универзитетот во Кејптаун.

Но постои надеж, откако неколку други лекови постанаа достапни.

Во извештајот објавен во медицинското списание „Лансет“, Дида и неколку коавтори предупредуваат дека ефикасноста на новите лекови може брзо да се изгуби ако не се користат правилно. Исто така се наведува дека новите лекови мора да бидат насочени кон индивидуални третмани, со јасни упатства за дозирање, за да се спречи понатамошна појава на отпорни видови на туберкулоза.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG