Линкови за пристапност

Мит Ромни ги објави бараните даночни документи


Мит Ромни ги објави бараните даночни документи

Мит Ромни ги објави бараните даночни документи

Американскиот републикански претседателски кандидат Мит Ромни ги објави своите документи за платени федерални даноци, покажувајќи дека заработил повеќе од 42 милиони последните две години и платил околу 6,2 милиони во даноци.

Податоците за Ромни и неговата сопруга Ен, објавени од неговата кампања рано во вторникот, покажуваат даночна стапка од 13.9 проценти во 2010-та, со очекувана стапка од 15.4 проценти во 2011-та. Даночната стапка на Ромни е далеку под други кои многу заработуваат бидејќи најголем дел од неговите приходи доаѓаат од инвестиции. Обичните луѓе кои работат за плата плаќаат даночна стапка од 35 проценти.

Податоците покажуваат дека најголем дел од приходите на Ромни доаѓаат од профит на различни инвестиции.

Се смета дека неговото нето богатство е меѓу 190 милиони и 250 милиони – што е главно изградено во текот на неговата кариера како раководител на приватна инвеститорска фирма.

Одлуката на Ромни да ги објави документите дојде по неговата загуба во Јужна Каролина од поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич, кој го нападна Ромни за неговото колебање да ги објави документите.

Огромного богатство на Ромни веројатно ќе го стави во средиштето на растечката дебата за нееднаквоста во однос на примањата во Америка. Критиката вели дека приватната инвестициона фирма купила десетина бизниси и отпуштила вработени, додека правел профит за себе и своите инвеститори.

Ромниеви исто така дале добротворни прилози последните две години во износ од седум милиони долари, од кои најголем дел на Мормонската црква, каде тој е истакнат член.

XS
SM
MD
LG