Линкови за пристапност

Американците преферираат повисок лидер


Американците преферираат повисок лидер
Американците преферираат повисок лидер

Само во Америка: Ново истражување сугерира дека висината на кандидатот игра улога при гласањето

За гласачите во САД важни се ставовите на кандидатот по разни прашања. Но, некои можеби ќе се определат за одредена личност на гласачкото ливче од друга причина - висината на кандидатот!

Истражувачите на Универзитетот Тексас Тех сугерираат дека висината на кандидатот влијае врз преференцата. Од кои причини? Веројатно такви што датираат од праисториско време.

Најновите истражувања се објавени во Журналот за социологија од двајца автори: професорот по политички науки Грег Муреј и студент на постдипломски студии Дејвид Шмиц:

„Општопознатиот страв од змии и преферирањето нездрава храна богата со маснотии најверојатно датираат од времето кога змиите биле честа закана, а внесувањето калорична храна не секогаш сигурно“, вели Муреј. „Сметаме дека е слично и во политиката, кога се работи за висината на лидерите“.

Авторите на истражувањето ова го споредуваат со племенско лидерство, кога за водач бил избиран голем човек во многу општества, но и со статусот на големите единки во животинското царство.

Фактите говорат дека повисоките претседателски кандидати победиле на 58 проценти од изборите во САД во периодот меѓу 1789-та и 2008-ма.

Истражувачите побарале од 467 ученици, домашни и странски, да нацртаат фигура на типичен граѓанин и фигура на идеален национален лидер, пред да побараат од нив да ги стават двете фигури заедно. Во 64 проценти лидерот бил повисок од граѓанинот.

Истражувачите потоа побарале учениците да се замислат себе си како лидери и потенцијални политички кандидати. Резултатите покажале статистички значително поврзување меѓу висината и самопроценката на самите студенти за тоа како изгледа лидер.

Со 185 сантиметри, Барак Обама беше многу повисок од неговиот противкандидат, републиканецот Џон Мекејн во 2008-ма. Мекејн е висок 173 сантиметри. Но, најмалку двајца од неговите потенцијални противкандидати на изборите во 2012-та, поранешните гувернери Рик Пери и Мит Ромни се високи луѓе, или дури за малку повисоки од актуелниот претседател. Овие избори ќе бидат интересни и од оваа причина.

XS
SM
MD
LG