Линкови за пристапност

Промена одвнатре, но со помош однадвор


Промена одвнатре, но со помош однадвор
Промена одвнатре, но со помош однадвор

Сиријците во САД против режимот на претседателот Асад

Сириските Американци бараат начини да го поддржат продемократското движење во Сирија.

Се` до неодамна, чикашкиот адвокат и активист за човекови права Јасер Табара беше добредојден во Сирија затоа што помагал да се развие образовниот систем во родната земја. Сега, пак, се смета за државен непријател.

„Моето име кружи низ сириските медиуми како проамерикански предавник“, вели Табара.

Добил таков епитет заради залагањето да обезбеди меѓународен притисок врз владата на претседателот Башар ал-Асад. Табара притискаше за резолуција на Советот за безбедност на ОН против насилството во Сирија. Овој активист подготвува и случај во Меѓународниот кривичен суд што го товари режимот на Асад за злосторства против човештвото.

Професорот по политички науки при Универзитетот на Илиноис, Јусуф Сарфарти, смета дека е клучна промената одвантре, иако не ја занемарува важноста на притисокот однадвор.

„Промената мора да дојде од народот, како што се случи во Египет. Се разбира, странските сојузници се од корист, во смисла на помош, технологија, психолошка поддршка“, резонира Сарфарти.

Амар Бајрактар е лекар од Чикаго. Ги поддржува сириските демонстранти преку Фејсбук и се обидува да ги рашири информациите за она што се случува во земјата. Вели, за неговиот народ не е својствено да говори против владата или да организира демонстрации.

„Никогаш не сме биле активни во политиката. За жал, така сме воспитувани. Дури и по преселбата во САД, постои еден голем страв дека ако се активираме политички, ќе им се случи нешто на роднините во Сирија.

Но, случувањата во Сирија сега го засенија тој страв. Неодамна во Чикаго се собраа 500-тини демонстранти за да го критикуваат режимот на Асад. Како расте незадоволството во Сирија, така се побројни протестите на Сиријците надвор од земјата.

XS
SM
MD
LG