Линкови за пристапност

Продолжуваат руските напади во Алепо


Според Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија, во најновата воздушна акција загинале преку 20 лица.

Набљудувачите велат дека руските бомбардери продолжиле со воздушните напади врз бунтовничките упоришта во источниот дел на Алепо, при што загинале над 20 лица.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија, соопшти дека руските напади во вторникот биле најсилни, откако владата на претседателот Башар ал-Асат минатата недела кажа дека ќе го намали интензитетот на воздушните напади, за, наводно да овозможи цивилите да се разоружат и да ги напуштат местата под контрола на опозицијата.

Но, цивилите во голем дел ја игнорираа понудата, заради недоверба во актуелната влада. Бунтовниците коишто се борат против режимот на Асад, чекорот го нарекоа замка.

Набљудувачите и хуманитарните работници велат дека од септември, наваму, од воздушните напади во Алепо загинале преку 300 лица.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин ја откажа планираната посета на Франција, откако францускиот лидер Франсоа Оланд инсистирал дека на средбата би дискутирало исклучително за Сирија.

Чекорот на Путин уследи откако француските власти предупредија дека Русија можно е да се соочи со обвиненија за воени злосторства во Алепо. Москва на повеќепати порекнува дека напаѓа цивили во Сирија и дека целта се терористички групи коишто ја поддржуваат Владата на Асад.

Русија во саботата ја блокираше резолуцијата на Советот за безбедност на ОН предложена од Франција и Шпанија, а која се однесува на прекин на бомбардирањата врз Алепо.

XS
SM
MD
LG