Линкови за пристапност

Русија е за дводневниот прекин на огнот во Сирија, но не и за предлогот на САД за подолго примирје


Вашингтон прави подготовки за поништување на билатералниот ангажман со Русија околу Сирија, доколку Москва не преземе итни чекори за ставање крај на кризата.

Русија изјави дека го поддржува 48-часовниот прекин на огнот во северниот сириски град Алепо, но не и подолго примирје како што предлагаат САД.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рабјаков, кажа дека еднонеделното примирје на милитантите ќе им даде време да се регрупираат.

Коментарот уследи еден ден откако државниот секретар Џон Кери на својот руски колега, Сергеј Лавров, дека Вашингтон прави подготовки за поништување на билатералниот ангажман со Русија во однос на Сирија, доколку Москва не преземе итни чекори за ставање крај на нападите на Алепо и да го обнови прекинот на огнот, согласно договорот од 9-ти септември.

САД и Русија изминативе пет години – додека трае конфликтот – на неколкупати се обидуваа да го искористат своето влијание врз спротивставените страни, со цел, да се организираат мировни преговори и да се постигнат договори за прекин на огнот. Но, како и во најновиот случај со Алепо, заради продолжителните борби, тие договори завршиле неуспешно.

XS
SM
MD
LG