Линкови за пристапност

ОН се надеваат дека опсадата на Хомс ќе попушти во Сирија


Додека траат разговорите меѓу опозицијата и владата, медијаторот на ОН кажа дека очекува хуманитарен конвој да може да влезе во градот во понеделник.

Сириската влада и опозицијата треба да се сретнат лице-в-лице повторно во понеделник во Женева за разговори за кои медијаторот Лакдар Брахими вели дека „продолжуваат“ и дека се надева оти „постепено ќе донесат напредок“.

Брахими се среќаваше со двете страни заедно и одвоено, што во неделата тој го опиша како корисен процес што му дало шанса да дискутира за ставовите и загриженоста на секоја од страните.

Тој кажа дека се надева оти жените и децата ќе можат да ја напуштат областа под опсада во градот Хомс во понеделник, по договор со владата. Брахими исто така кажа дека ОН се надеваат дека хуманитарен конвој ќе може да влезе во Хомс во понеделник.

Хомс е еден од најголемите градови во Сирија и беше мета на напади од владата која сака да ја поврати контролата од бунтовничките сили.
XS
SM
MD
LG