Линкови за пристапност

Кери и Лавров се договориле да го оживеат напорот за мировни разговори за Сирија


Двајцата ќе се сретнат повторно на крајот на месецот во Њујорк.

Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров прават свеж обид за одржување на долго одложуваната мировна конференција за завршување на гражанската војна во Сирија.

Двајцата лидери се сретнаа во петок во пратеникот на ОН за Сирија Лакдар Брахими во Женева.Тие дискутирале за рускиот план за ставање на сириското хемиско оружје под меѓународна контрола за да се избегне американски воен напад.

Кери и Лавров се согласија повторно да се сретнат на крајот на месецот во Њујорк за мировни разговори, кои последен пат беа одржани во јуни 2012-та. Но Кери кажа дека секаков напредок ќе зависи од успехот на отстанување на сириското хемиско оружје.

Сирија се приклучи на меѓународната забрана за хемиско оружје, но инсистира дека има еден месец да даде детали за своите резерви на хемиско оружје. Претседателот Башар ал-Асад во четврток кажа дека тој ќе го финализира договорот за отстранување на хемиското оружје доколку САД престанат да се закануваат со напад.

Рускиот претседател Владимир Путин во петок ја пофали одлуката на Сирија да се приклучи на глобалната забрана за отровни гасови, велејќи дека тоа покажува „сериозни намери“ на сириската влада за решавање на конфликтот.

Кери вели дека Сирија треба да реагира брзо, предупредувајќи во четврток дека американска сила може се` уште да биде потребна доколку Вашингтон не е задоволен со одговорот на Асад.
XS
SM
MD
LG