Линкови за пристапност

Убиен сирискиот министер за одбрана


Бомбаш самоубиец упаднал во зградата на Национална безбедност, а меѓу убиените е зетот на претседателот Асад.

Сириската државна телевизија вели дека бомбаш самоубиец ја нападнал зградата на Националната безбедност во Дамаск, убивајќи го Министерот за одбрана Дауд Раџа и сериозно повредил неколкумина други официјални лица.

Извештаите велат дека Заменик-министерот за одбрана Асеф Шафкат, исто така бил убиен. Шафкат бил зет на претседателот Башар ал-Асад.

Нападот од средата се случил за време на средба на високи владини претставници.

Нападот доаѓа во период на судири меѓу бунтовници и владини трупи во главниот град.

Во меѓувреме, Советот за безбедност на ОН се очекува да гласа во среда по резолуцијата што се однесува на продолжување на набљудувачката мисија во Сирија, која треба да истече во петок.
XS
SM
MD
LG