Линкови за пристапност

Повик за посилни санкции спрема Сирија


Светските лидери кои се среќаваат во Париз побараа нови глобални санкции против Сирија во време кога се појавија вестите за пребеганиот висок генерал на сириската армија.

Претставниците на повеќе од 100 нации повикаа на „пошироки и посилни“ казни против Дамаск како дел од напорот за притисок врз сириската влада да прекине со суровото задушување на бунтовништвото. Таканаречените „Пријатели на сирискиот народ“ исто така ветија „масивно зголемување“ на помошта за сириските бунтовници и кои ќе ги обезбедат и со опрема за комуникација.

По средбата, американската државна секретарка Хилари Клинтон кажа дека заминувањето на генералот е знак дека ситуацијата во Сирија се менува.
XS
SM
MD
LG