Линкови за пристапност

САД означија сириски бунтовници за терористи


U.S. Under Secretary for Terrorism and Financial Intelligence David Cohen talks to the media during a press conference in Rome, October 3, 2012.

U.S. Under Secretary for Terrorism and Financial Intelligence David Cohen talks to the media during a press conference in Rome, October 3, 2012.

Џабат ал-Нусра е само друго име за Ал-Каида во Ирак, тврди официјален Вашингтон.

САД ја означија сириската бунтовничка група Џабат ал-Нусра за терористичка организација, во исто време кога западните земји се обидуваат да создадат поддршка за новата опозициона коалиција во Сирија.

Стејт департментот соопшти дека Ал-Нусра е само друго име за Ал-Каида во Ирак, која се обидува да се инфилтрира во сирискиот судир.

Американската државна благајна санкционираше двајца виши водачи на Ал-Нусра за дејствување во име на Ал-Каида во Ирак, но објави и санкции против две паравоени групи што го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање Дејви Коен кажа дека САД „ќе целат на милициите што се за Асад“, исто како и на „терористите кои лажно се покриваат со знамето на легитимната опозиција“

Со ставање на некоја група на листата на терористички организации, автоматски стапува на сила забрана за Американците да имаат деловни врски со неа.

Џабат ал-Нусра презеде одговорност за нападите на бомбаши-самоубијци во Сирија.

Претставници на земји-членки на Европската унија и САД денес се на средба на Пријателите на Сирија во Мароко, замислена да даде поддршка на бунтовниците кои се против претседателот Башар ал-Асад.
XS
SM
MD
LG