Линкови за пристапност

САД ги повикуваат сириската влада и опозицијата да ги интензивираат напорите за ставање крај на речиси пет години стариот конфликт

Претставникот на ОН за Сирија, Стафан де Мистура денеска во Женева повторно се среќава со делегатите на опозицијата, откако беше постигнат напредок по некои од прашањата поставени од страна на опозицијата пред почетокот на мировните преговори.

Тој изјави дека е оптимист и е определен дека опозицијата ќе се приклучи на мировниот процес што започна во петокот, а којшто опозицијата првиот ден го бојкотираше. Портпаролот на сириската опозиција истакна дека разговорите во неделата биле охрабрувачки и позитивни во однос на хуманитарните прашања, а алудирајќи на барањата на групата за прекин на воздушните напади врз цивили и подигање на блокадите за достава на хуманитарна помош.

Во Вашингтон, државниот секретар Џон Кери ја повика сириската влада и опозицијата да ги интензивираат напорите за ставање крај на речиси пет години стариот конфликт во кој животот го загубија околу 250.000 лица, а милиони се раселени. Војната во Сирија тој ја опиша како продолжителна хуманитарна катастрофа неспоредлива од Втората светска војна, наваму.

XS
SM
MD
LG