Линкови за пристапност

Карла дел Понте, член на Комисијата на ОН за истрага на конфликтот во Сирија истакна дека Меѓународниот кривичен суд треба да биде повикан да ги истражи наводите за воени злосторства во Сирија.

Карла дел Понте, член на Комисијата на ОН за истрага на конфликтот во Сирија истакна дека Меѓународниот кривичен суд треба да биде повикан да ги истражи наводите за воени злосторства во Сирија.

Од Комисијата велат нивниот најнов извештај е базиран на интервјуа со преку 400 жртви и сведоци кои ја напуштиле Сирија. На истражителите во моментов им е забранет пристап во оваа земја.

Претставници на ова тело додаваат дека идентификувале сириски поединци, како и владини лица и воени бунтовници, за кои постои сомневање дека се вмешани во воени злосторства.

Овој извештај ги критикува обете страни, но како главен прекршител на законите се наведува владиниот режим.
XS
SM
MD
LG