Линкови за пристапност

Русија почна со повлекувањето од Сирија


Mideast Syria Russia Talks

Mideast Syria Russia Talks

Според рускиот претседател, Владимир Путин, воениот контингент може да ја напушти Сирија бидејќи во голем дел, задачите се исполнети.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека првата група авиони ја напуштила Сирија по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин од Сирија да се повлече поголемиот дел од руските сили, после повеќе од пет месеци од почетокот на операциите.

Путин соопшти дека воениот контингент може да ја напушти Сирија бидејќи во голем дел, задачите се исполнети.

Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура ја пофали оваа одлука на Путин нарекувајќи ја, „значаен развој на настаните“, додавајќи дека се надева оти позитивно ќе влијае на сириските мировни разговори коишто во моментов се одржуваат во Женева.

Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама телефонски разговорал со својот руски колега Путин по ова прашање, при што било дискутирано и за напредок во политичките преговори за Сирија.

XS
SM
MD
LG