Линкови за пристапност

Русија ги прекина нападите во Алепо заради хуманитарна помош


Сепак, агенцијата Ројтерс известува дека борбите продолжиле повеќе од еден час, во времето кога требале да престанат

Руската војска утринава ги прекина воените операции во бомбардираниот сириски град Алепо, со цел да им дозволи на хуманитарните работници да ја донесат потребната помош, но медиумските извештаи укажуваат дека борбите продолжуваат.

Руското министерство за одбрана рече дека ќе ги стопира нападите околу Алепо, три часа секој ден, така што хуманитарната помош ќе може да биде доставена во опустошениот град, велејќи дека „хуманитарните прозорци“ ќе бидат отворени од 10 до еден часот попладне.

Но и покрај овие најави, агенцијата Ројтерс известува дека борбите продолжиле повеќе од еден час, во времето кога требале да престанат.

Волонтерската спасувачка организација „Сириска граѓанска одбрана“, стационирана во Алепо, рече дека 24-ца биле повредени при напад во четврток, меѓу кои три лица биле убиени- мајка и нејзините две деца.

Нападите во Алепо оваа недела ја уништија електричната и водената инфраструктура, а главните пристапи до источните и западните делови на градот беа прекинати.

XS
SM
MD
LG