Линкови за пристапност

САД ќе ги опремат курдските борци во Сирија


Пентагон изјави дека вооружувањето е неопходност за да се обезбеди јасна победа врз Исламската држава

Претседателот Доналд Трамп го овласти Пентагон да ги опреми курдските борци на Сириските демократски сили, потег што ги стави САД во спротивставена позиција со Турција.

Портпаролот на Пентагон Дана Вајт, изјави дека курдската компонента, која што претставува повеќе од половина од Сириските демократски сили, би била вооружена „како неопходност да се обезбеди јасна победа“ врз Исламската држава во Рака, Сирија.

„Сириските демократски сили, со партнерска помош од САД и од другите коалициони сојузници, се единствена копнена сила, што би можела успешно да ја освои Рака во иднина“, рече Вајт.

Анкара се спротивставува на сојузништвото на Вашингтон со Сириските курдски сили кои се борат против Исламската држава, но Вајт додаде дека Пентагон е „длабоко свесен“ за загриженоста на Турција за безбедноста, и ја потврди заложбата на САД за „спречување на дополнителни безбедносни ризици, и за заштита на НАТО сојузникот“.

Пентагон изјави дека секретарот за одбрана Џејмс Матис денеска имал телефонски разговор со својот турски колега Фикри Јашак, при што и двајцата ја потврдиле поддршката за мир и стабилност во Ирак и Сирија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG