Линкови за пристапност

Сириските сили продолжуваат со борбата против бунтовниците во Алепо


Сирисиките владини сили поддржани од нивниот сојузник Русија во понеделникот забележаа напредок во Алепо, по серијата интензивирани напади во областите кои ги држат бунтовниците.

И покрај меѓународната критика, сириските владини сили ја интензивираа офанзивата со цел, повторно преземање на контролата на источните населби.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија, објави дека владата ја презела контролата на североисточната област и дека тоа е најважен напредок кој го имаат направено против режимот досега.

„Ако ја преземат контролата на Масакан Ханано, режимот ќе има контрола врз неколку населби окупирани од бунтовниците и ќе бидат во можност да ги отцепат северните делови на Алепо, кои се во рацете на бунтовниците, од остатокот од опозициските области“, изјави директорот на опсерваторијата, Рами Абдел Рахман.

Ова е седми последователен ден од обновените воздушни напади на владините сили, при што, откако беа погодени неколку болници, локалното население беше оставено без пристап до медицински третман.

Светската здравствена организација (СЗО) алармираше дека без функционална болница во внатрешноста на Алепо, над 250.000 лица имаат потреба од медицинска нега и операции.

И сириските и руските владини претставници ги порекнаа тврдењата дека целат на медицински објекти.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG