Линкови за пристапност

Советот за безбедност разгледува резолуција за Сирија


Советот за безбедност разгледува резолуција за Сирија

Советот за безбедност разгледува резолуција за Сирија

Членовите на Советот за безбедност во петок расправаат за нова нацрт-резолуција за прекин на крвопролевањето во Сирија со амандман дизајниран за надминување на приговорите на Русија.

Амбасадорите ан ОН велат дека новиот нацрт ќе биде испратен до нивните влади за евалуација, но не е јасно дали ревизијата ќе донесе одобрување од 15-члениот Совет.

Во четврток тие не успеаа да постигнат договор по нацртот на европско-арапската резолуција за прекин на крвопролевањето на Сирија, по трета сесија по ред на разговори.

Претходниот нацрт предвидуваше „целосна поддршка“ на Советот за предлогот на Арапската лига за политичка транзиција во Сирија, но не вклучуваше експлицитно повикување претседателот Башар ал-Асад да ја делегира власта и да формира влада на национално единство пред изборите.

Рускиот амбасадор Витали Чуркин на затворена сесија на светското тело во четвртокот кажа дека Москва ќе стави вето на документот ако е поднесен со фразата „целосна поддршка“.

Русија вети дека ќе отфрли секаков текст што сугерира промена на режим или експлицитно не отфрла странска воена интервенција.

Американската амбасадорка Сузан Рајс ги намали очекувањата, велејќи дека дискусијата се` уште е во тек.

XS
SM
MD
LG