Линкови за пристапност

Клинтон се сретна со сириската опозиција


Клинтон се сретна со сириската опозиција
Клинтон се сретна со сириската опозиција

Државната секретарка Хилари Клинтон во главниот град на Швајцарија се сретна со високи членови на Сирискиот национален совет на разговори за нивните специфични идеи за транзиција кон демократија, особено за идеи што вклучуваат посегнување по малцинствата.

„Затоа што, очигледно, демократската транзиција значи повеќе од отстранување на режимот на Асад. Тоа значи поставување на Сирија на пат на владеење на правото и заштита на универзалните права на сите граѓани без оглед на секташка, етничка или родова припадност“, рече Клинтон.

Ова беше прва средба на Клинтон со тие седуммина, меѓу кои и претседателот на Сирискиот национален совет и нивниот координатор за човекови права и граѓанско општество.

XS
SM
MD
LG