Линкови за пристапност

Сведоштва на лекарите: Околу 4.30 часот наутро нè нападнаа хулигани


Сведоштва на лекарите: Околу 4.30 часот наутро нè нападнаа хулигани
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:45 0:00

Анкета спроведена од Лекарската комора пред две години, покажа дека 78 проценти од лекарите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место. Од нив, 80 отсто биле мета на вербално насилство, додека 6,8 отсто доживеале физичко насилство

„Изминатите неколку години се случија неколку посериозни инциденти во внатрешноста на здравствените институции, каде беа нападнати доктори, медицински сестри и друг медицински персонал. Тоа е појава која загрижува“, вели Никола Бакрачески, лекар-кардилог.

Своето искуство го раскажува и Илми Речи, лекар хирург од Струга.

„Околу 4 и 30 часот наутро бевме нападнати во хируршката амбуланта од страна на хулигани. Човекот влезе и без никаква консултација влезе внатре во одделението. Јас се борев со него и мораше да се заштитам“, вели Речи.

Ова се изјавите на лекари кои посочуваат на загрижувачка појава што особено излезе на виделина по убиството на 67- годишен лекар од Скопје, што ја разбранува јавноста. Дека ова не е осамен случај зборува и податокот што го добивме од општата болница во Струга, каде на нивното работно место биле нападнати лекар, хирург и медицински сестри. Медицинскиот персонал вели дека не се чувствува безбеден, особено во ноќните часови.

„Се плашиме затоа што и во иднина можеме да има вакви проблеми, па навистина треба да се преземе нешто“, додава хирургот Речи.

„Постојано се наоѓаме под некој притисок, се повлекуваме многу пати. Мораш разумно да постапиш кон луѓето, затоа што се многу нервозни, агресивни. Добро е да имаме луѓе кои ќе се грижат за редот“, вели Златко Лазаревски, хирург.

Анкета спроведена од Лекарската комора пред две години, покажа дека 78 проценти од лекарите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место. Од нив, 80 отсто биле мета на вербално насилство, додека 6,8 отсто доживеале физичко насилство. Речиси 70 проценти од нападите воопшто не биле пријавени.

Бакрачески смета дека ваквата појава се должи на „општествено-политичката стигматизација кон здравствените работници“ која наводно била спроведувана изминатите неколку години.

„Чесно е да признаеме дека се водеше една кампања против докторите и здравствениот персонал. Бевме сведоци на случки каде здравствените работници се поставуваа на ѕидот на срамот во јавноста, па проверка на отсутност и присутност, на будност на докторите навечер. И тоа влијае на јавноста и на оние кои што ги гледаат тие анти кампањи“, вели Бакрачески.

Од Лекарската комора велат дека насилството врз здравствени работници добива на интензитет и оти за негово сузбивање се потребни системски решенија што ќе бидат имплементирани на национално ниво и на ниво на здравствени установи.

„Јас ги разбирам и пациентите, дека дел од нив се незадоволни од квалитетот на услугите кои ги добиваат, но ако направиме споредба на квалитетот на македонското здравство со сите оние слабости кои ги има македонското здравство, за ова ниво на општествен и економски развој кој го има државата, ова здравство се` уште пружа задоволителни услуги“, додава Бакрачески.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG