Линкови за пристапност

Осомничени терористи уапсени во Њујорк


Осомничени терористи уапсени во Њујорк

Осомничени терористи уапсени во Њујорк

Претставници на американското обезбедување велат дека уапсиле две лица кои се обидувале да купат оружје како дел од осомничен терористички заговор во Њујорк.

Новински извештаи ги цитираат властите кои велат дека лицата се уапсени во полициска операција доцна во средата. Се вели дека тие се обидувале да купат пушки и рачни гранати.

Официјални лица рекле дека двајцата осомничени се очекува да бидат обвинети спореред терористичките закони на сојузната држава Њујорк.

Најмалку еден од двајцата бил со северно-африканско потекло.

Разузнавачката дивизија на њујоршкиот полициски оддел ги гонел овие лица. Новинските извештаи велат дека Федералното истражно биро решило да не се меша.

Њујоршките власти се на високо ниво на готовност од убиството на лидерот на ал-Каида Осама бин Ладен во американска акција пред повеќе од една недела.

XS
SM
MD
LG